Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата ,,Топ тема” која се емитува на Телма телевизија, рече дека партијата продолжува на терен да работи заедно со граѓаните и продолжува да го исполнува она кое било ветено во програмите за време на кампањата на овие локални избори.
– Ние сакаме да создадеме подобри услови за живот во средините во кои ВМРО-ДПМНЕ ги има своите градоначалници и на тој начин да обезбедиме поголем приход во Буџетот на државата за да може да има повеќе пари капитални проекти, а не како што е сега состојбата, да не ни се случуваат вакви – енергетски, земјоделски итн. Тоа е суштината на политиката која ние ја именувавме во оваа кампања како заеднички патриотизам. Ајде луѓе, заеднички да работиме за доброто и за иднината на државата, сите останати работи кои нас не раздвојуваат да ги оставиме на страна и да разговараме за тоа што не обединува. Тоа е политиката која ВМРО-ДПМНЕ во периодот што следи ќе ја презентира – само и само работа за граѓаните, да покажеме дека можело поинаку и можело да биде поуспешно, рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека можеби родољубиот народ кој си ја сака државата и не сака оваа корумпирана власт да владее со државата бара реакција паралелна на ова мафијашко владеење на власта, но ќе бидеме мудри и трпеливи и ќе продолжиме да работиме во рамките на она што може, за да може да се решаваат проблемите на граѓаните.