Мицкоски: Заев го нема во спотовите на Пендаровски затоа што знаат дека не го сака народот

Операцијата метла на Заев е иста како секоја негова нова лага, впрочем ветувањето за живот го замени со ветување за метла, но оваа лага сега нема да му помине затоа што народот веќе има искуство, се докажа дека не ги бива, вели претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Прес24.

Операцијата „метла” не е да расчисти со криминалот, туку едноставно да си ја сочува фотелјата, но граѓаните веќе го прочитаа. Тоа е крик на поразен човек кој продава веќе познати трикови. И самото тоа препелкање покажува колку нему му е важна власта, не за да помогне туку единствено важна му е да си ги зачува бинисите и матните зделки. Заев е сидрото кое не ја стабилизира државата, туку ја влече надоле да потоне. Тоа го знаат и луѓето во неговата партија. Погледнете Заев во кампањата на неговиот кандидат Пендаровски не се појавува во ниту еден спот, а тоа е така затоа што и тие знаат дека Заев носи негативен рејтинг, дека не го сака народот и дека може уште повеќе да го повлече Пендаровски надоле, иако овој е негова копија, објаснува Мицкоски

 

Тој тврди дека очекува победа на претседателските избори, и потоа предвремени парламентарни избори каде ќе биде поразен Заев и оваа власт, и ќе биде даден легитимитет на новата влада водена од ВМРО-ДПМНЕ.

И ние не се бориме за гола власт, туку за власт која ќе носи решенија, во образованието, здравството, социјалата, економијата, ќе го поддржи бизнисот. Ние не застанавме и подолжуваме да работиме на обемна програма која независно кога ќе има избори ќе ни биде готова и ќе ја понудиме на граѓаните. Ветувам решенија за секој еден проблем. Решенија кои директно ќе им помогнат на граѓаните и кои ќе бидат издржани. Сакам да знаат луѓето дека кога нешто ќе ветиме ќе го исполниме и Македонија има надеж, таа надеж ние ќе ја донесеме. За да се случи тоа треба да победи правдата, вели Мицкоски.