
Не смееме да ги игнорираме пораките кои ни ги оставиле нашите големи луѓе. Мора да одиме напред, но со сето искуство и знаење собрано од минатото, рече на протестот пред владата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Овие денови ги гледам од Владата во налет да му ја спасат фотелјата на Зоран Заев оркестрирано пишуваат обезбедиле иднина. А да прашам јазикот, а идентитетот, а историјата, нашите цивилизациски придобивки на нашите предци кои ги жртвувале своите животи на вистинската страна на историјата? На кому обезбедиле иднина и каква иднина? За да обезбедат иднина треба да ја согледаме реалноста, а тоа е држава во криза, живот на рати и опасна политика на поделби, откажувања. Зиран Заев не е во можност себе си да си обезбеди иднина, а не пак на Македонија и народот. Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата наместо во битка за спасување на државата. Ова е лудоста на еден човек наспроти разумот и достоинството на цела нација. Ова е конфликтот на еден човек наспроти на пријателството помеѓу два народи, овде проблемот е Заев и неговото отсуство на кичма. Заев е подготвен да ја плати секоја цена, ама тоа ако може да го плати со туѓи синови и ќерки, и на туѓ грб само за да ја спаси својата кариера, а таа кариера нему му обезбедува власт и пари. Сето она што го кажа во интервјуто за бугарскиот медиум, ретуширање на историјата, откажување од слободарското антифашистичко наследство, од правото на македонско малцинство, од нашите херои, се работи на кои претходно предупредив дека Зоран Заев кога бил опозиционер ги ветил на соседна Софија. Но тогаш како и секогаш претходно кога предупредував на ова, на големите порази кои ги навестуваше Заев, тие одговараа дека тоа не било ништо друго освен во главата на вмровците“, истакна Мицкоски.
Но еве не било така. И сега имаме искуство и да не дозволиме репризи на неговите предавства, додаде тој.