Мицкоски-Зеленски: Украина може да смета на македонското пријателство и во иднина

На четвртата средба на шефовите на држави членки на Европската политичка заедница, премиерот Христијан Мицкоски имаше средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Денеска во рамки на Самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон остварив кратка средба и разговор со Претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

На средбата ја потенцирав недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ и посочив дека и во иднина можат да сметаат на нашето пријателство.

Македонија и македонскиот народ се хумана нација и сочувствуваат во овие тешки историски предизвици и несогледливи последици.

Нашите односи се базира на вистинско пријателство од каде произлегуваат принципи, вредности и разбирање“.