Мицкоски: Злоупотребени се половина милион евра за набавката на противпожарната скала

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска презентираше документи според кои се покажува дека противпожарната скала набавена од Град Скопје чини двојно повеќе од таа што ја набавила Загреб.

Иако од Градот излегоа со соопштение дека скалата е поскапа затоа што има дополнителна опрема и се разликува од хрватската, Мицкоски на денешниот брифинг посочи дека нема никаква дополнителна опрема.

-Скалата е стандардна, со стандардна опема, но за неа преку фирмата „Армор“ и „Хороскоп“ од Унгарија се платени 800.000 евра повеќе, рече тој пред новинарите.

Според Мицкоски, злоупотребата од оваа набавка е околу половина милион евра.