Денешните објаснувања на премиерот Зоран Заев по обелодувањето на вистината за скандалозниот обид за набавка на вакцините против коронавирусот, очигледно не можат да разубедат никого, па дури и неговите сопартијци, кои забележиваат дека лидерот на СДСМ тоне во сопствените лаги.
„Заев за капарот и вакцините пред 2 недели: Не е добро авансот да седи на странска сметка.
Заев денес: Одевме преку приватни фирми и посредници кои Пекинг не ги дозволува.
Лаже, па лаже помалку, па утре ќе лаже нешто трето, и така животот му помина во лаги“, напиша граѓанскиот активист и поранешен функционер на СДСМ, Ивор Мицковски на својот фејсбук профил.
Претходно во средата италијанскиот весник La Verita, се повика на две писма од министерот за здравство Венко Филипче, коишто ги разобличија претходните тврдења на премиерот Зоран Заев. Првото писмо, докажува дека министерот Филипче испратил барање до кинескиот „Sinopharm“ дури на 25-ти декември 2020 година, додека во второто писмо од 25-ти јануари годинава вели дека дури и би ја ослободил Кина од одговроност за какви и да се негативни ефекти од вакцината.
Според написот, владата во Пекинг не ги прифатила преговорите со владата на Заев, поради тоа што неговите контакти и, како што рече аконтација за набавката на вакцините, оделе преку сомнителна фантомска компанија регистрирана во Хонгконг.