Во минатото тоа се потврди како судска пракса кога се враќаше случаитет „Сопот“, „Монструм“ затоа што така лажеше Зоран Заев како опозиционер и со тоа се воведе нова судска пракса. Не гледам зошто да не се направи пак и во случајот со обвинетите за 27 април, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во телефонското јавување во емисјата Јади Бурек на телевизија Сонце.
Според него судијката која ги судеше случаите беше како на испит за промоција за уставен судија. Мицкоски укажа дека Кацарска што ги судеше по сто години уставобранителите Зоран Заев ја унапреди во уставен судија, и оти очигледна е монтираноста на случајот.
„Стопанот Заев гледаше од страна и ако не беше задоволен таа немаше да стане уставен судија, ама тој беше задоволен“, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека има судска пракса која може да биде повторена.