Мицкоски побара оставка од уставен судија: Не му е местото таму, такви изјави на друго место нека дава

Премиерот Христијан Мицкоски побара оставка од судија во Уставниот суд.

Како што вели, не му е таму местото.

Премиерот изрази должна почит кон луѓето од таа професија, но дел од нив не ги оправдале очекувањата на граѓаните од таа професија.

– Не, не, никој не го направил тоа, но истовремено да каже уставен судија тоа што го кажа, поврзано со албанската кауза и слично, него не му е таму местото, простете но не му е таму местото. Тој може такви изјави да кажува на друго место, треба под итно да си поднесе оставка затоа што тој зема од мене плата“, вели Мицкоски за Клик плус на ТВ21.