Мицотакис ја повика новата Влада да го почитува Преспанскиот договор

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во интервју за грчката телевија „Алфа“ повика на почитување на Преспаснкиот договор, од страна на новата Влада.

„Истите барања постојат и сега од новото раководство на Северна Македонија. Сакам да се надевам дека она што се слушаше пред изборите нема да биде официјален став на новата влада по изборите. Затоа што ако тоа се случи, ќе имаме проблем“, рече Мицотакис, коментирајќи го тоа што ВМРО-ДПМНЕ во слоганот го користеше името Македонија.

Тој рече и дека со загриженост ги следел изјавите на функционерите на ВМРО, а сега со голем интерес го чека официјалниот став на новиот премиер за да види на кој начин ќе се осврне на името на државата.

Мицотакис во интервјуто рече дека иако тој лично претходно не се согласувал со Преспанскиот договор, особено во деловите „македонска нација“ и „македонски јазик“, сепак го прифатил во рамки на континуитетот на државата и рече дека и покрај тоа што тој не се согласува со него, одбрал да го почитува па затоа се надева дека и новото раководство на нашата земја ќе се држи до одредбите на овој меѓународен договор.

„Да бидеме трпеливи. Сакам да се надевам дека оние работи што се слушнаа предизборно, нема да бидат официјална позиција на новата Влада постизборно, бидејќи ако се случи ова ќе имаме проблеми, рече Мицотакис