Мицотакис го поздрави враќање на турскиот брод во базата

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакос изјави во неделата дека враќањето на турскиот истражувачки брод „Oruç Reis“ во јужната покраина Анталија е првиот позитивен чекор кон ублажувањето на тензиите со Турција околу истражувањето на природните ресурси во источното Средоземје.

„Враќањет на Oruç Reis е позитивен прв чекор, се надевам дека ќе следат и други. Сакаме да разговараме со Турција, но во атмосфера без провокации“, изјави Мицотакис пред новинарите во Солун.

Премиерот изјави дека дијалогот е единствениот начин за решавње на проблемите меѓу двете земји, од кои децениски е разграничувањето на поморските зони, за кои Анкара тврди дека е несразмерно во полза на Грција.

„Првиот чекор на Турција ќе биде почеток на подобрата ситуација во нашите билатерални односи“, додаде Мицотакис.

Истовремено додаде дека 6 од 18 француски борбени авиони од типот „Rafale“, кои Грција планира да ги купи, ќе бидат нова и другите малку користени. Атина, исто така, планира да ја дополни својата фрегата и да купи четири брода, додаде Мицотакис.

Турските власти не ја продолжила мисијата на истражувачкиот брод кој од 10-ти август придружуван од борбени пловила беше упатен во водите на источното Средоземје кои Грција ги смета за своја ексклузивна економска зона. Неговото истражување во подморјето крај Кипар доведе до силни тензии меѓу двете земји членки на НАТО, што предизвика и стравувања кај нивните западни сојузници.

Грција доби поддршка од Европската унија, особено од Франција со која грчките поморски сили изведуваа заеднички воени вежби во спорната област. Во четвртокот седумте челници на јужните членки на ЕУ ѝ се заканија на Турција со санкции доколку не ги запре своите „еднострани активности во источен Медитеран“.

Истражувачката мисија на бродот „Oruç Reis“ заврши во саботата, според информациите на турскиот дневен весник Jeni Safak. Одлуката за непродолжување на мисијата е доживеана како шанса дадена на дипломатијата, се додава во прилогот.

„Грција секогаш е подготвена да покрене истражувачки потфати со Турција… Овој чекор на Турција оди во добра насока кон смирување на ситуацијата и може да придонесе за продолжување на дијалогот“ меѓу двете земји, додаде Мицотакис.