Мицотакис: Грција има воена состојба во време на мир поради климатските промени

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис оцени во саботата дека неговата земја погодена од „најсериозните пожари и поплави во својата историја“ во текот на ова лето, доживува „војна во мирнодопски услови“ обвинувајќи ги за тоа наводните климатски промени.

„Ние сме во некој вид војна во мирновременски услови“, рече Мицотакис во својот говор на Меѓународниот саем во Солун, најавувајќи го јакнењето на улогата на војската во справувањето со последиците од природните катастрофи.

Шефот на конзервативната грчка влада, кој се соочува со критики бидејќи според многу оцени многу неорганизирано управувал со попалвите во централниот дел на земјата минатата седмица, истакна дека специјалниот резервен фонд за природните катастрофи ќе биде удвоен за да достигне 600 милиони евра од следната 2024 година.

Резервниот кризен фонд ќе се финансира со золемување на таксата за престој во лускузните хотели, појасни Мицотакис.

По разнорните пожари во јули, а потоа и кон крајот на август кои уништија повеќе од 150.000 хектари, Грција минатата седмица ја погодина поплави, коишто според офцијалните полициски извори, однеле 17 жртви во централниот дел на земјата во регионот Тесалија, земјоделска област која има голема важност за земјата.

„Трошоците за обновата ќе бидат значителни, но нашата економија е доволно силна да го поддржи тоа. Она што го загубивме, државата и граѓаните, ќе го обновиме заедно“, рече Мицотакис нарекувајќи ги климатските промени „новиот непријател“.

Се очекува Мицотакис на прес-конференција во недела да ги изнесе поединостите од планираните мерки за сузбивање на последиците од временските непогоди.

Мицотакис е изложен на остри критики од опозицијата и дел од населението кое е погодени од последиците од невремето, поради бавноста во пружањето помош и недостигот од координација меѓу службите за цивилна заштита и војската.

Левичарскат опозициска Сириза особено го критукува недостогот од активност на превенцијата на поплавите во Тесалија, која беше погодена од временските непогоди и во 2020 година.