Парламентарните избори во Грција ќе се одржат на 21 мај 2023 година, соопшти претпладнево грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на денешната владина седница.
Рече дека доколку бидат потребни и втори избори, поради измените во изборниот законик што ќе важат на 21 мај, ќе се одржат на почетокот на јули.
-На земјата и на граѓаните им требаат јасни хоризонти и наспроти оние кои ширеа спротивни сценарија, националните избори ќе се одржат на крајот од четиригодишниот мандат, како што и на почетокот се обврзав, рече Мицотакис.
Нова демократија победи на изборите на 7 јули 2019 година, парламентарните избори за нешто помалку од два месеци се регуларни, а Мицотакис континуирано го изразуваше ставот дека ќе го исцрпи четиригодишниот мандат.