![110202270](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/110202270-1.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Утре, ЕП ќе разговара за миграцискиот камп во близина на францускиот град Кале, бидејќи претходно францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека сличните незаконски кампови ќе бидат целосно отстранети до крајот на годината и побара помош од Владата на Велика Британија.
Според француската Влада, во кампот во Кале живеат околу 7.000 мигранти, кои се обидуваат да стигнат до Велика Британија, а според податоците на невладините организации таму престојуваат околу 10.000 мигранти.
В среда, миграцијата ќе биде главна тема на заседанието.
Европретениците ќе разговараат за промените на миграциската политика во ЕУ, како за прашањата поврзани со односите со Русија.
Утревечер европратениците ќе се произнесат и по предлогот на Европската комисија за намалувањето на цените за роаминг услугите од следното лето при определени услови.
Претходната година ЕП и Советот на ЕУ ја повикаа Комисијата да даде предлози со кои ќе ја задржат стабилноста на телекомуникациските оператор и да предвиди ограничувања за злоупотребите.
ЕП предложи, операторите само да можат да откриваат и спречуваат случаи во кои нивните услуги се користат на сомнителен начин.
Европратенците утре ќе разговараат и за случајот кој неодамна беше решен, во кој поранешниот претседател на ЕК, Жозе Барозу и неколку еврокомесари од неговиот тим беа назначени за работа во блокот, на начин, кој поттикнува сомнеж за судир на интереси.
В среда ЕП ќе го разгледа предлогот на Регистерот на лобисти да го опфати и Советот на ЕУ. Комисијата предлага еден регистер, кој ќе ги опфаќа трите основни институции на ЕУ.
Во 2011 година беше воведен заеднички регистер за транспарентност за ЕП и ЕК. Оттогаш, единствено лобистите имаат пристап до зградата на Парламентот.
Во слободните часови в среда, е предвидена дебата за обидот на Полска за промена на законодавството, поврзано со правото на жените на абортус.
Според европратениците законодавството по тоа прашање во земјата е многу строго. Тоа влијае и до пристапот на жените до процедурата за вештачко оплодување.