
Илегален имигрант почина во тунелот под Ла Манш, што предизвика прекин на сообраќајот меѓу Франција и Велика Британија, соопшти француската полиција, објави МИА.
Илегални имигранти се качуваат на платформите на специјалниот воз, што пренесува возила преку тунелот, со цел да стигнат во Велика Британија, која е нивната крајна дестинација.