Седумнаесет годишно девојче е убиено во германскиот град Сент Аугустин. Полицијата уапси 19- годишник од Кенија , кој добил германско државјанство.
Исчезнувањето го пријавиле родителите на девојчето во петокот. Тргнала во Бон за да се сретне со пријателка. Но, наместо на средба со пријателката, таа отишла во блиското прифатилиште за бегалци и азиланти каде што живеел Кениецот со германско државјанство, кого полицијата го именува како Брајан С. Тој дошол во Германија на двегодишна возраст и во меѓувреме добил државјанство во Германија.
Полицијата од петокот тргнала во потрага по девојчето со кучиња, а користела и хеликоптери и нуркачи , бидејќи трагата водела кон блиското езеро. На брегот на езерото била најдена облеката на девојчето и тоа во близина на азилантскиот камп. На крајот, истрагата ги довела до убиецот, кој признал дека го убил девојчето и нејзиното тело го скрил во азилантскиот стан.
Девојчето пред една недела се нашла со убиецот во кафуле во Бон, а полицијата тоа го утврдиле преку заедничките фотографии што тој ги објавувал на социјалните мрежи.
Се договориле повторно да се видат во неговиот азилантски стан, но таму дошло до кавга и азилантот се нафрлил и го убил девојчето.