Мигрант нанел смртни повреди на друг мигрант во кумановското село Речица, информираат денеска надлежните.
– Денеска (30.05.2023) во 06.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во атар на с.Речица, кумановско, било пронајдено лице мигрант со повреди од остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, лицето било пренесено во Општа болница Куманово, каде во 07.45 часот починал.
Полициски службеници на СВР Куманово извршиле увид и по преземените мерки и извршени разговори било констатирано настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица мигранти, при што починатиот мигрант бил прободен со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.