![migranti bih zapalen kamp](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/migranti-bih-zapalen-kamp.png?resize=696%2C462&ssl=1)
Мигранти од кампот Липа во близина на Бихаќ, во БиХ, предизвикаа сериозни инциденти и пожар палејќи дел од шатори.
Според зборовите на кординаторот на шаторскиот камп станува збор за тежок вандализам.
-Не знаеме која е големината на штетата, знаеме само дека пожарот тргнал во делот за сместување. Како што гледаме и понатаму се палат шаторите и мислам дека станува за вандализам. Мигрантите се револтирани и лути, сега ја пцујат и државата, тоа јасно се слуша – велат од управата на кампот за порталот „Кликс“.
Оттаму велат дека планирале повлекување на кампот од таа локација, но вандализмот почнал пред нивното дислоцирање.
-Тие сега се на ливада, а ние ќе ја продолжеме нашата работа на некоја друга локација. Не знаеме што ќе се случи со 1.350 луѓе од кампот кои досега останаа под отворено небо. Мигрантите немаа каде да одат, Липа е запалена. За утре се најавува снег, од кој шаторите ќе паднат и ќе прекине снабдувањето со струја бидејќи агрегатите не се наменети за зимски услови – велат од управата на кампот.