Мигранти го запалија прифатниот центар на Лампедуза

Градоначалникот на Лампедуза, Џузи Николини изјави синоќа дека е запалена една зграда во центарот за сместување бегалци и оти полицијата идентификувала четворица мажи осомничени за предизвикување пожар.

Пожарот почна со палење на четири душеци, а вкупната штета се уште не е утврдена, изјави портпаролот на противпожарната служба.

Бегалскиот камп на Лампедуза, првиот европски град во кој пристигнуваат десетици илјади мигранти, кои од Африка преку море се упатуваат кон Европа, веќе два пати е делумно оштетен во пожари во 2009 и 2011 година.

Изминатите две години во Италија со бродови и чамци пристигнале повеќе од 320 илјади мигранти, а од почетокот на годината стигнале 31 илјада.

Во прифатниот центар на Ламедуза на мигрантите им се земаат отисоци од прсти и се работи на нивна идетификација.