
Групи мигранти ја нападнале денеска полицијата во популарното шпанско летувалиште Салоа, откако во тек на полициска рација, еден Сенегалец загина паѓајќи од балкон на третиот кат од една зграда, објави МИА.
Локалната полиција соопшти дека за време на судирите уапсила најмалку 12 лица.
Според полицијата, 50-годишникот загинал скокајќи во раните утрински часови од балконот за време на полициска рација, насочена против продажба на пиратски двд и друга нелегална стока во градот Салоа, јужно од Барселона.
Смртта на овој човек предизвика протест на десетина мигранти кои полицијата ја гаѓале со камења, столици и маси.