
Петнаесет мигранти од Бангладеш се пронајдени во товарно возило „Киа“ на регионалниот пат Валандово – Струмица, во атарот на село Костурино, соопшти полицијата.
Мигрантите се пронајдени вчера вечерта околу 20:00 часот од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, а возачот на „Киа“-та побегнал.
По наредба на јавен обвинител, мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци „Винојуг“ во Гевгелија и во Прифатниот центар за странци во Гази Баба Скопје.