Мигранти од Сирија, Сомалија и Авганистан уапсени кај Меѓуградска

Неколку лица се уапсени попладнево во акција на полициските Алфи во кругот на Меѓуградската автобуска станица.

Полицијата во денешната акција уапси околу 15 мигранти од Сирија, Сомалија и Авганистан кои биле затекнати таму.

Засега не е познато како мигрантите дошле во Македонија и кој бил нивниот понатамошен план.

Од полицијата потврдуваат дека приведени се неколку лица и се работи на расчистување на случајот.