Мигранти се испокарале со шверцерите

Мигранти од Пакистан се испокарале со криумчрите па им го зеле клучот од автомобиилот, информираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 4 часот од наплатна рампа „Градско“ во ПС Неготино било пријавено дека во близина на објектот на новата наплатна рампа непознати лица барале помош.

По преземени мерки на местото на настанот биле пронајдени И.Р.(36) и С.Р.(20), двајцата од Велес, потоа автомобил „митцибуши“ и четири лица, мигранти од Иран. Тие изјавиле дека биле превезувани во наведеното возило, управувано од И.Р. Поради недоразбирање со двете лица од Велес, мигрантите им го одзеле клучот од возилото и настанала вербална расправија, велат од МВР.

Полицијата ги привела И.Р и С.Р., а мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци Скопје и Прифатниот центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка.