Мигранти се обиделе да се прошверцуваат, откриени во воз на Табановце

На железничкиот Граничен премин Табановце вработени во „МЖ-Транспорт„ вчера пријавиле дека на излез од Македонија во товарен воз кој сообраќал на релација Грција – Унгарија забележале тропање во некој од контејнерите.

Откако биле отстранети пломбите во еден од вагоните натоварен со контејнери биле пронајдени четири лица мигранти од Авганистан: А.Б.К.(20), O.M.(30), A.З.(19) и С.И.(33).