Грчката крајбрежна стража соопшти дека во јужниот дел на Егејското Море се спасени 41 мигранти, кои патувале со брод што побарал помош.
Авион на крајбрежната стража го забележал бродот за време на спасувачка акција меѓу островите Китира и Антикитира.
Патниците биле преземени од товарен брод, што се наоѓал во близина, и биле пренесени на грчото пристаниште Пиреја.
Операцијата била преземена откако грчките власти добиле сигнал за помош.