Мигрантите префрлиле рекорди 37,3 милијарди долари од Мексико од почетокот на годината

Мексиканците коишто работат во странство префрлиле во татковината префрлиле рекордни 37,33 милијарди американски долари од јануари до септември годинава, објави во вторникот дневниот весник La Jornada.

Според пресметките на Централната банка на Мекскико, на годишно ниво растот на обемот на готовинските приходи изнесува 24,6 отсто. Се проденува дека до 10 милиони мексикански семејства во значителна мера зависат од средствата коишто ги добиваат од странство.

Се очекува дека до крајот на оваа година, трудовите мигранти ќе префрлат повеќе од 51,5 милијарди долари во Мексико, што е за 78,6 отсто повеќе од проценетиот вкупен обем од странските директни инвестиции во националната економија.

Повеќето мексикански мигранти работата во САД, каде што според процените ги има околу 12 милиони. Вообичаено тие се вработени во градежниот, услужниот и земјоделскиот сектор.