Мигрантите упаднале во шпанската енклава Сеута

Најмалку 150 мигранти од подсхарска Африка успеале да упаднат во шпанската енклава Сеута, откако се качиле и ја прескокнале високата оградата и ја минале границата од територијата на Мароко, соошштија денеска шпанските власти.

Седум мигранти се обиделе да ја искачат оградата висока шест метри, но полицајците ги симнале и им ги предале на мароканските колеги, соопшти делегацијата на шпанската централна влада во Сеута, пренесоа американските медиуми.

Поголема група од околу 250 мигранти од Гвинеја, во Западна Африка, се обиделе да ја прескокнат оградата висока 8,2 метри која е граница со морето.

Мароканските медиуми ги цитираат локалните претставници на местотот Мдик, кои наведуваат дека во нивниот округ имало околу 400 илегални мигранти кои се обидуваат да ја прескокнат оградата и дека 90 од нив се уапсени.

Денешните обиди на мигрантите за прескокнување на оградата е прв ваков од почетокот на годината, а се наведува дека повеќе од 200 мигранти се обиделе да ја минат границата и со Мелила, втората шпанска енклава на северот на Африка.