Mигрантите во Рим ќе се сместуваат во одземени имоти од мафијата

Градските власти на Рим ја разгледуваат можноста во објектите конфискувани од мафијата да ги сместат мигрантите.

Идејата уследи откако италијанската полиција беше критикувана по насилните протести на мигранти од Еритреја и Етиопија кои од 2013 година живееја една зграда, а полицијата без предупредување ги исели.

Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи изјави дека градските власти подготвуваат мапа на одземени имоти, со цел да се утврди кои згради се погодни за привремено сместување.

– Првиот список од 200.000 потенцијано достапни станови треба да биде готов до 31 октомври, напиша Раџи на Фејсбук.

Таа застана и во одбрана на полицијата истакнувајќи дека градот нема да толерира илегални доселеници, проценувајќи оти тие зазеле околу сто згради во Рим.