Пријатели, Ви благодарам за честитките! За мене кандидатурата за Градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ е чест и голема одговорност. Имаме една цел. Куманово да биде се она што денес не е, а можеше да биде во изминативе 30 години. Куманово град на здрави, среќни, безбедни и богати граѓани, пишува кандидатот за градоначалник на Куманово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски.
-Куманово да биде чист и светол град со убави улици, без диви депонии и кал до колена, со широки булевари, со патеки за велосипеди, со паркови во кои навистина ќе можеш и ќе сакаш да поминеш повеќе време, со културни манифестации и фестивали кои ќе го вратат градот на светската културна карта, катни гаражи, многу зеленило, чист воздух, убави бањи, луна парк, град со чиста река и мостови, со нов театар или два. Куманово во кое ќе доаѓаат луѓе од целиот Балкан, од Европа, од светот. Куманово во кое што ќе се враќаме, или воопшто нема да мораме да си одиме од него. Нема нешто потешко. Кој морал, знае. Да не успееш за 30 години да направиш таков убав град од Куманово, е тоа е драги мои уметност. Уметност на неспособноста и промашувањето. Време е заедно да го градиме Куманово наново!, додава Михајловски.