Вие сте од иста населба со мене и не знам зошто сте дозволиле со вашата партија која 30 години владее на локално ниво сѐ уште да се гази во кал во населбата – Перо Чичо, рече Тони Михајловски, кандидат за градоначалник на општина Куманово на својот противкандидат Оливер Илиевски во гостување во емисија на МРТВ.
Михајловски потсети дека пет години централна власт е СДСМ, зошто за тие неколку години во Куманово не се направи нешто за да се задржат младите во градот и самата општина да заживее со нови проекти.
-Еве пет години е друга централна власт, во координација со градоначалникот за пет години можеше и Ајфелова кула да се изгради во Куманово и да се решат сите недостатоци, рече Михајловски.
Михајловски додаде дека скоро на ниту една улица во Куманово нема тротоар, според локалната власт пешаците треба да лебдат во воздух.
-Спортската сала во Куманово, од еден бисер на Балканот, од една најдобра сала во тоа време кога беше изградена од локалната власт предводена од СДСМ 30 години, е претворена во една дупка, во неупотребливо нешто, нагласи Михајловски.