Денеска започнува кампањата за локални избори 2021, во оваа кампања им посакуваме среќа на сите учесници и им порачуваме дека треба да ги задржиме и угледот и честа и на себеси и на нашите противници, без навреди, без омаловажувања, туку со конкретни решенија да им понудиме подобра иднина на граѓаните, рече во понеделникот Тони Михајловски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.
„Ние во Куманово, ќе влеземе со добра програма, ќе дојдеме во секое населено место и ќе допреме до секој човек, ќе понудиме решенија за подобро, поубаво, зелено, модерно и европско Куманово. Се надевам дека во оваа кампања ќе го изберете она што е подобро за нас, подобро за вас, подобро за вашите деца“, им порача Михајловски на избирачите.
Додека дека граѓаните во прв ред треба да се слушаат себеси, и порача дека „народот е среќен тогаш кога многу му се нуди, а малку му се бара“.
Изрази надежи дека редниот број на избирачкото ливе 7 ќе донесе среќа за Куманово и за кумановци
„На 17-ти, драги мои заокружете го бројот 7 и верувајте оваа урнатина за нас ќе стане минато и првиот проект кој што ќе го направиме во Куманово ќе биде реновирање на Пионерскиот дом во Куманово и ставање на едно големо име како негов наслов, а тоа е Дом за креативни деца и младинци „Живко Пешевски“ во Куманово“, додаде Михајловски.