Поранешниот германски министер за Европа и актуелен пратеник и претседател на Комисијата за надворешна политика во Бундестагот, Михаел Рот, денеска доаѓа во посета на Македонија.
Рот ќе биде примен од шефот на државата Стево Пендаровски, а треба да има средби и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Пред да биде избран за пратеник во Бундестагот, Михаел Рот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.
Рот последен пат беше во земјава во мај лани кога беше министер за Европа, а во пресрет на минатогодишниот јунски состанок на Советот на ЕУ за општи работи кога се правеа напори за усогласување на преговарачката рамка и почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.