Михаил Горбачов кандидат на изборите во Индонезија

Михаил Горбачов е кандидат за пратеник на парламентарните избори во Индонезија следната седмица, меѓутоа не станува збор за последниот советски челник, туку за човек кој го добил името по него.

Михаил Горбачов Дом е целосното име на 32-годишниот Индонежанец кој има намера да стане парламентарен претставник на изборите на 17-ти април. Тој е стручњак за природна околина роден во 1986 година во времето кога советскиот челник ја водеше Перестројката, пакет реформи со цел да се модернизира тогашниот Советски сојуз.

Признава дека за неговото име повеќе е заслужна случајноста отколку приврзаноста на неговите родители кон советскиот водач. „Моите родители биле убедени дека ќе добијат ќерка, па кога сум се родил сум ги фатил неподготвени, бидејќи не одбрале име за момченце“, појаснува.

Цела седмица бил безимен, а тогаш родителите наишле на името на Горбачов во дневен весник. „Татко ми помислил дека тоа име е ‘кул’ бидејќи е име на водачот на влијателниот Советски сојуз, па така ме нарекле“, раскажува индонезискиот Горбачов.

Откако се осведочил дека не може да стори многу за околината, одлучил да се проба во политиката за да има поголем простор за маневрирање.

„Сфатив дека треба политички да се ангажира за да ги спроведам своите идеи во практика. Мислам дека моето име е предност… луѓето нема да го заборават моето име, доколку и не се сетат на мојот лик“, додава.