Михаил Младеноски до Саша Богдановиќ: Ако некогаш постоеле кодоши и шпиони, тоа сте вие!

Ако некогаш постоеле кодоши и шпиони во Македонија, секако Вие ќе си го заземете тоа место. Јас не го сменив уставното име на Република Македонија. Јас не го сменив знамето на Република Македонија, нити го измислив ТАТ. Не ја измислив и спроведов криминалната приватизација.Не бев јас кодошот кога Вие ја кодошовте Македонија кај меѓународна заедница.Кодош е тој кој ја кодоши државата и соработува со странски служби. Јас тој не сум. Вие сте тие, вели поранешниот генерален секретар на Социјалдемократската младина Михаил Младеноски бо обраќањето до претседателот на СДСМ Центар и директор на ПОЦ, Саша Богдановиќ.

Целосно ги разбирам твоите комплекси и целосна фрустрација која ја имаш од мене Саша. Имаше амбиција да бидеш генерален секретар на СДММ, но во времето на Бранко ти беше обичен плакатолепач на кого лепакот на глава му го истураа. Но, дојде сега времето на квази политиканти и циркузанти во СДСМ, па успеа и таков уличен анономус како тебе, на грб на една навивачка група да дојдеш до некоја позиција таму. Ти секогаш си знаел што си. Немаш капацитет за политика Саша, доволно е човек да ти го отвори фб и ќе му стане јасно кој си ти. Што си ти. Мало човече кое многу скока, а неможе да скокне ниту 5 сантиметри.Ти Саша не си патриот, самиот прекар твој ”Српче”, кажува за тгвоите патриотски размислувања. Ти си пијавица која по налог на партија во 2010 година се закачи за навивачка група, од таа група направи партиска организација, за што постојат докази. Ти се уште не си одбрал што сакаш да бидеш во животот, вели Младеновски

Младеновски нагласува дека Богдановиќ бил “класичен школски пример за судир на интереси“.

– Газда си на низоразреден партиски веб портал. Директор на ПОЦ. Лидер на приватна партиска навивачка група. Вие ли најдовте да зборите за демократија и слобода? Тешко нас ако чекаме од вас да ни ја вратите слободата Вие. Вие, кои на Централен одбор на СДСМ налагавте да не се дискутира темата за името бидејќи е негативно прифатен ставот на СДСМ во јавноста. Вие ли ќе ни враќате слобода на медиуми? Вие кои немате основен културен сенс, собрани бедници кои секогаш се финансирани од Сорос. Што имате веб портали регистрирани во странски држави, а кои ви ги водат смешни ликови од Карпош. Ја внесовте Македонија во тешка криза одработувајќи странски агенди. Вие сакате војна. Вие се радувате на секоја лоша судбина зошто само така се чувствувате полни. Епа не проаѓате повеќе. Македонија не ве сака. Јас не ве сакам. Секој нормален се тргна од Вас. Така и јас. Среќен пат во бездната, сега е време на патриоти и слободоумни граѓани и работници. Сега не е време на седење по кафани и терање политики. Вие во Општина Центар тоа сеуште си го терате. Јас одбрав да не бидам кодош на Македонија. Кодошете, кодошете и само кодошете. Еднаш шпиун-цел живот шпиун, убаво си кажа. Чест ми е што се тргнав на време од Вас и таквите како тебе, завршува Михаил Младеноски.