„Господе дај ми сила да ги одбранам мојот народ и мојата земја“.
Ова го порача актерот Тони Михајловски од масовниот и мирен собир на Граѓанското здружение за одбрана на Македонија пред седиштето на СДСМ.
-Да ја поздравиме одлуката на ДИК, штотуку стигна информација дека со 2/3 мнозинство има услови за фер и демократски избори на 5 јули. Затоа да им го порачаме она за кое што дојдовме: Да им кажеме ајде на избори, порача Михајловски.
Граѓаните, повторно во еден глас ја испеаа песната „Едно име имаме“, праќајќи уште една порака до СДСМ.