Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го одбил барањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков да му биде вратен пасошот.
Според судот, останува мерката на претпазливост и обврската на Мијалков еднаш неделно да се јавува во судот. Барањето било поднесено на 21 февруари, а на Мијалков му требал пасошот од приватни причини.
Мијалков е обвинет во четири случаи на СЈО и тоа „Титаник 2“ за изборните измами, „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски, „Трезор“ за незаконска набавка на опрема и „Таргет“ за нелегалното прсилушување.