Германскиот автомобилист Мик Шумахер следниот месец на патеката во Хофенхајм ќе го вози болидот на „Ферари“ во кој неговиот татко Михаел Шумахер во 2004 година ја освои рекордната седма титула првак на светските првенства во Формула 1.
Мик Шумахер во текот на викендот на 27-ми и 28-ми јули на Големата награда на Германија ќе го вози татковиот болид „F2004“, пред саботните квалификаци и парада на возалите пред неделната трка, кога ќе се одбележи 15-годишнината од победата на неговиот татко на истата патека.
Дваесетгодишниот Шумахер во натпреварувањата од класата Формула 2 вози за тимот на „Према Рејсинг“ и е дел од возачката академија на „Ферари“. Неговиот татко е рекордер во Формула 1 со седум шампионски титули и 91 понеда, од кои четири се остварени на патеката во Хокенхајм.
„Мислам дека тоа мега возење на овој автомобил на Хокенхајм“, ијави Мик, кој го возеше татковиот болид на „Бенетон“ од 1994 година пред Големата награда на Белгија во 2017 година и го тестираше годинешниот модел на „Ферар“ во април во Бахреин.
„Последен пат кога бев на оваа патека ја прославува мојата титула во шампионатот во Формула 3, а сега ќе можам да го возам едно од најсилните возила во историјата на Формула 1, што ми измамува голема насмевка“, додаде Мик.
Билидот „F2004“ го извозе Шумахер постариот до седмата и последна титула во текот на доминантната сезона кога италијанскиот тим победи на 15 од 18-те трки. Шумахер, еден од најуспешните возачи во историјата на Формула 1, постигна 13 од тие 15 победи и ја освои титулата на четири трки пред крајот.
Михаел Шумахер претрпи тешки повреди на главата во несреќа на скијање во Франција зимата 2013 година, и оттогаш не е виден во јавноста.