Македонската олимпијка Милјана Рељиќ загуби во четвртфиналната борба на теквондо турнирот на Олимписките игри во Париз од Либанката Летисија Ајун со 2-0 во рунди.
Рељиќ загуби во две неизвесни рудни со 9-8 во првата, а во втората беше 6-6, но бидејќи Либанката имаше удар во главата ја доби оваа борба.
Шансите за медал сѐ уште не се загубени, бидејќи доколку Ајун победи во полуфиналето, Рељиќ ќе има шанса преку репасажот да стигне до бронзениот медал.
Македонската натпреваурвачка претходно во четвртокот приреди сензација во првото коло на турнирот елиминирајќи ја двократната олимписка шампионка Џејд Џоунс од Велика Британија. Таа во категоријата до 57 килограми ја совлада третата фаворитка со 2-1 во рунди.