Милан ја впиша третата победа, Наполи одби да патува во Торино

ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Милан ја продолжуваат низата победи на отворањето на сезоната, откако во третото коло од италијанското првенство ја победија Специја со 3:0.

Новиот италијански прволигаш одлични се држеше во првото полуивреме на „Сан Сиро“, но во продолжението Милан постигна три погодока за убедлива победа. Стелци беа Рафаел Леао во 57 и 78, како и Тео Ернандец во 76 минута.

Милан ги освои сите девет бодови од почетокот на првенството а притоа сѐ уште неговата мрежа не се затресе. Сепак, Аталанта со гол-разлика „плус 8“ исто така со три победи е на чело на Серија А. Специја, пак, има една победа и два пораза и со три бода е на 13-то место.

Од неколките дерби средби во третото коло во Торино вечерва требаше да се одигра средбата меѓу Јувентус и Наполи, но нема да се игра, бидејќи гостите не допатуваа, правдајќи се дека не добиле дозвола од локалните здравствени власти за патувње поради случаите на зараза со коронавирус во екипата, од кои едниот е македонскиот репрезентативец Ељиф Елмаз.

Натпреварот требаше да започне во неделата во 20,45 часот, а Наполи сега може да го загуби мечот со службен резултат, бидејќи водството на лигата рече дека фудбалерите на Наполи според постојниот протокол мора да се појават на теренот иако имаа два позитивни случаи на коронавирусот.

Фудбалерите на Јувентус, кои целиот ден се подготвувале за мечот како ништо да не се случило, задно со судиите се појавија на стадионот еден час пред закажаниот почеток.

Во писмото упатено до челниците на Лигата, кое го објави весникот Gazzetta dello sport, претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис од своја страна уверувал дека, и покрај сојузниот протокол, неговиот клуб не смее да го напушти Неапол поради забраната на локалните здравствени власти, барајќи нов термин за одигрување на мечот.

Меѓутоа, од Серија А порачаа дека вчастите во Неапол не го земале предвид здравствениот протокол договрен меѓу италиканското министерство за зравство и спорт и претставнциите на фудбалските натпреварувања.

Така Наполи стана првиот тим во петте водечки европски лиги кој поради коронавирусот не се појави на теренот. Имаше досега одложувања, но не и случај никој од некоја екипа да не се појави на игралиштето.

Во саботата поаѓањето на пат на тимот на Наполи беше одложен откако е потврдено дека позитивени се Зиелнски и Елмаз, по препорака на здравствените служби во Неапол. Играчите на Наполи и во неделата претпладнето беа во изолација во нивните домови според упатството на регионалните здраврствени власти. Но, според протоколот за контрола на мечевите во Серија А во контекстот на пандемијата, Наполи морала да ссе појави во Торино, објави водството на лигата.

„Стандардите кои ги утврдија управните тела на италијанскиот фудбал со здравствените власти овозможуваат одржување лигашки натпревари дури и кога постојат позитивни случаи. Протоколот поставува одредени правила од кои не може да се отстапи, а кои овозможуваа одигрување лигашки мечеви дури и во случај на позитивен резултат, распоредувајќи ги играчите кои се тестирани негативно“, објави Лига во соопштението за јавноста кое беше објавено помалку од пет часа пред почетокот на мечот.

„Тие мерки се применливи во ситуацијата во Напли, која има двајца играчи позитивни на Covid-19“,се додава.

Лигата досега допушташе одржувањ други натпревари од почетокот на сезоната по позитивни случаи, како што беа натпреварите меѓу Торино и Аталанта, и Милан и Кротоне, се додава во соопштението.

Во саботата вечерта од Јувентус објавија дека две лица од клупскиот персонал се позитивни на коронавирусот, но дека не се заразени ниту играчите ниту членовите на стручниот штан, како и никој од медицинските лица во клубот.