Милан и Рома осигураа настап во Европа, потоп на Џенова

Sardegna Arena stadium in Cagliari, Sardinia island, Italy,29 july 2020 ANSA/FABIO MURRU

Фудбалерите на Милан славеа со 4:1 на гостувањето кај Сампдорија, со што „росонерите“ обезбедија предност од недостижни четири бодови предност пред Наполи во борбата во квалификациите за Лига Европа.

Милан поведе уште во 4 минута кога Антер Ребиќ продре по левата страна, нафрли во петерецот каде Златан Ибрахимовиќ со глава ја спроведе во мрежата. Домашните победата ја потврдија со два погодокат во две минути. Во 54 минута Ибрахимовиќ му асистираше на Хасан Чалханоглу, а четири минути подоцна двајцата ги заменија улогите за водство од 3:0. Сампдорија во 78 минута не реализираше пенал, а во 87 минута Кристофер Аскилдсен намали на 1:3, но Рафаел Леао четири минути подоцна го постави конечниот резултат.

Милан сега е шести со 63 бодови, четири повеќе од Наполи, а Сампдорија од претходно го обезбеди опстанокот, 15-та е со 41 бод.

Рома со победата од 3:2 на гостувањето кај Торино го обезбеди петтото мето коло пред крајот на првенството и следната сезона ќе игра во групната фаза од Лига Европа.

Торино поведе со голот на Алекс Беренгуер во 15 минута, но веќе следната минута израмни Един Џеко. „Волчицата“ од Рим набрзо во 24 минута направи резултатски пресврт со голот на Крис Смалјинг а во 62 минута го удвои водството преку пенал кој го реализираше Амаду Диавара. Домашните успеаја да намалат во 66 минута со погодокот на Срефан Вилфред Сињо, но немаа сила за израмнување.

Рома со 67 бодови е недостижна за Милан кој заостанува четири бодови, а Торино кој сезонава играше во многу променлива форма на крајот сепак со 39 бодови е на 16-то место и следната сезона ќе настапува во елитата.

Демотивираниот старо-нов шампион Јувентуис загуби на гостувањето кај Калјари. За шестиот пораз сезонава на „Старата дама“ придонесоа Лука Галијано во 9 и Цовани Симеоне во втората минута од судиското продолжение.

Јувентус со 83 бодови од минатото коло ја обезбеди деветтата последователна титула во Серија А, а Калјари е 13-ти со 45 бодови.

Фиорентина со 4:0 ја надигра Болоња, благодарејќи на „хет-трикот“ на Федерико Киеза го беше прецизен во 48, 54 и 89 минута, а во 75 минута погоди и Никола Миленковиќ.

Фиорентина е точно на средината на табелата и сега со 46 бодови е израмнета со Болоња на 11-то место.

Лече со гостинската победа од 2:1 над Удинезе се врати во игра за оопстанок, откако Џенова со високи 0:5 беше демонтирана на гостувањето кај Сасуоло.

Удинезе поведе со голот на Самир во 36 минута. Четири минути подоцна Марко Манскосу од пенал израмни а во 82 минута победата на гостите им ја донесе Џанлука Лападула.

Катастрофата на Џенова ја најави Траоре Хамед Жуниор во 27 минута, а потоа погодија Доменико Берарди во 40, Франческо Капуто во 67, Џакомо Распадори во 75 и повторно Капуто во 78 минута.

Пред последното коло Лече заостанува само бод зад Џенова која го држи последното место кое гарантира опстанок во Серија А. Лече во 38-то коло ја пречекува Парма, а Џенова е домаќин на Верона.

Верона пак вечерва со 3:0 го совлада СПАЛ, а стрелци беа Самиел Кармине во 8 и 12 минута, како и Давиде Фараони во 48 минута. Верона е 9-та со 49 бодови, а СПАЛ одамна е отпишан и собра само 20 бодови.

Во првиот дуел во средата Лацио на свој терен со головите на Жоакин Кореа во 18 и Чиро Имобиле во 83 минута ја победи Бреша. Лацио сега има 78 бодови на четвртото место и го има обезбедено последното место кое води во Лигата на шампионите. Бреша, како и СПАЛ, со само 24 бодови одамна е отпишана од Серија А.