Милан ќе ги откупи договорите на Рами и Тарабт

Потпретседателот на италијанскиот калчо гигант Милан, Адријано Галијани, потврди дека клубот сака на крајот од актуелната сезона да ги откупи договорите на Адил Рами и Адел Тарабт кои моментално настапуваат како позјамени фудбалери на „Сан Сиро”.

Централниот дефанзивец, Адил Рами е во сопственост на шпанскиот прволигаш Валенсија, додека одличниот играч за врска, Адел Тарабт е во сопственост на англискиот второлигаш Квинс Парк Ренџерс.

„Ќе седнеме на преговарачката маса на крајот од месец мај, кога ќе заврши актуелната сезона, кога ќе заврши позајмицата. Веќе е договорена сумата која треба да ја исплатиме за Рами и Тарабт”, изјави главниот оперативец на „росонерите”.

Италијанските медиуми се убедени дека Милан ќе одвои по 7 мил. евра за Рами и Тарабт.