Милан конечно ќе заигра на свој стадион

Италијанскиот тим Милан доби дозвола за изградба на сопствен стадион во делот на градот кој се вика Портељо.

“Ова е прв историски чекор за Милан да стане како Лондон. По оваа одлука да ни се додели земјиште од страна на Фондацијата Фиера, тргнуваме со составувањето на новиот проект кој треба да се одобри за да се изгради стадионот”, изјави потпретседателката на Милан, Барбара Берлускони која додаде:

“Ќе изградиме стадион кој ќе биде симбол на градот. Од комерцијална гледна точка, овој стадион на клубот годишно ќе му носи од 50 до 80 милиони евра”.