Италијанскиот фудбалски првак Милан подготвува нов договор за португалскиот крилен напаѓач Рафаел Леао, иако неговиот договор истекува дури во јуни 2024 година, но интерес за неговите услуги пројави лондонски Челзи.
Милан на Португалецот првично за продолжување на соработката му нудеше зголемување на платата до 1,5 милиони на 4,5 милион ера.
Меѓутоа, бидејќи вредноста на Леао на фудбалскиот пазар порасна, сега „Росонерите“ се подготвени да му понудат годишна плата од 6 милиони евра, а Португалецот во клубот би останал до 2026 година, пренесуваат италијанските медиуми.
Минатата сезона на патот до титулата во Серија А, Леао беше еден од клучните играч на Милан, на 42 натпревара постигна 14 погодоци.
Леао во својот договор има отштетна клаузула од 150 милиони евра, и доколку Милан се реши да го продаде тешко дека ќе се согласи на помала сума.