Милан во полуфиналето на Купот

Фудбалерите на Милан изборија пласман во полуфиналето на националните Куп на Италија откако во четврфиналето во средата вечерта по продолжувањат го совладаа градскиот ривал Интер со 1:0.

Победникот го реши погодокот на Патрик Кутроне во 104 минута од натпреварот на додавање од Суса. Во 23 минута хрватскиот играч Иван Перишиќ постигна гол за Интер, но судијата Марко Гвида го поништи по прегледувањето на забавената снимка поради офсајд. Кандрева нафрли од корнер, Словакот Милан Шкриниар со глава продолжи до Перишиќ кој од мртов агол со лева нога шутираше во голот, а голманот на Милан, Антонио Донарума ја скршна топката во сопствената мрежа. Голот, сепак, беше поништен поради тоа што Ранокиа се најде во пасивен офсајд.

На голот на Милан не стоеше 19-годишниот Џанлуиџи, туку неговиот осум години постар брат Антонио. Младата ѕвезда на Милан не бранеше на овој меч поради повреда, а неговата замена МАрко Сторари се повреди на загревањето, па шанса доби Донарума постариот, кој во завршницата на регуларниот дел од мечот одбрани еден опасен удар на Перишиќ, кој во 85 минута од близина шутираше преку голот.

Милан во полуфиналето ќе се сретне со Лацио кој во вторникот на „Олимпико“ со 1:0 ја совлада Фиорентина. Единствениот гол на мечот го постигна Сенад Лулиќ уште во 6 минута.

Во другите два четврфинални дуели ќе играат Наполи – Аталанта, на 2-ри јануари, и Јувентус – Торино, на 3-ти јануари.