Миланов: Бараме изземање на СЈО од предметот „Титаник 3“

Денеска побара браниетелот на обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, адвокатот Еленко Миланов.

Судот по барањето треба се произнесе по паузата.

Адвокатот Миланов, барањето за изземање го образложи дека е поради последните случувања во СЈО, кои според него, се изменети од минатата расправа до денеска, како и дека постои конфронтација меѓу обвинителката Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски.

Тој побара и целосен прекин на постапката до изнесување на Судот по нивното барање.

Во предметот „Титаник 3″ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Постапката почна одново на 15 март годинава по именување на судијката Марија Клетичка за нов судија во предметот, откако судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, во февруари годинава побара изземање од предметот. /МИА.