Адвокатот на Груевски убеден дека македонските власти го имаат неговиот број

Поранешниот премиер Никола Грувески дента кога објави на неговиот фејсубк профил дека побарал политички азил во Унгарија му се јавил и му кажал дека е во Будимпешта и дека ќе го застапува во сите судски предмети што се водат против него, изјави во понеделникот вечерта адвокатот Еленко Миланов во текот на гостувањето на телевизија Телма

„Денот кога излезе на фејсубк неговата објава каде се наоѓа, доцна вечерта добив повик од Груевски“, рече Миланов

Додаде дека телефонски повик од Груевски добиле сите од неговиот адвокатски тим.

„Се јави на 13-ти ноември во доцните вечерни часови. Судечкиот совет е информиран, не само од мене туку од сите во тимот кои сме исконтактирани. Неговиот повик беше по неговата објава. Потоа имавме уште една комуникација по пораки за овдешнотот судење, за можноста да му биде определан мерка притвор пред да му биде одземен имунитетот. Ме нема контактирано во врска со барањето за азил, бидејќи немаме ние никаква врска со тоа“, рече адвокатот на поранешниот премиер.

Груевски, како што кажа Миланов, преку порака се интересирал за текот на судењето и дали може да му биде одредена мерка притвор додека се’ уште има пратенички имунитет.

Преку порака ме праша за овдешното судење околу можноста да му биде определан мерка притвор од Судечки совет, во момент кога неговиот имунитет се уште не е одземен. Јас му вратив со порака дека е направена повреда и во делот на определување на притвор пред да му биде одземен имунитетот, а исто така и во делот на Судечкиот совет да го направи тоа, затоа што согласно законот тоа може да го направи само Кривичниот совет по правосилен обвинителен акт.  Мислам дека МВР го има бројот на Груевски. Сигурно го имаат, и тоа не од мојот телефон туку од еден друг куп информации кои можат да ги обезбедат“, кажа Миланов.

Груевски го побарал Миланов од странски телефонски број за кој, како што нагласи адвокатот, им е познат и на македонските власти.

„Ви гарантирам дека го имаат бројот. Она што го има како комуникација во мојот телефон, веројатно го имаат. Сигурно го имаат и тоа не од мојот телефон туку од еден куп други информации што верувам дека нашите служби можат да го обезбедат“, рече Миланов.