Милановиќ ги критикува ЕУ и САД за „непријателски“ однос кон Хрватите во БиХ

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во понеделникот изјави дека дносот на Европската унија и Соединетите држави кон Хрватите во Босна и Херцеговина е „непријателски“ и го критикуваше хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека не се занимава со ова прашање бидејќи „не сакал да ѝ се замери“ на Европската комисија.

„Односот на Европската унија и Американците кон статусот на Хрватите во Босна и Херцеговина е непријателски. Да не употребувам посилен збор – непријателски. Тоа што им се оневозможува на Хрватите во БиХ навситина стана прашање и на хрватската државна гордост. Тоа не е прашање на војна и мир и не е работа околу којашто некој во Брисел ќе има главоболка“, изјави Милановиќ за новинарите.

Додаде дека токму поради тоа Пленковиќ и „неговите слуги“ имале лесна задача тоа да го решат, но хрватскиот премиер „не сакал да ѝ се замери“ на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, за којашто рече дека „нема зад неа не стои никакво изборен легитимитет и дека е пријателка на Ангела Меркел“ од која поранешната германска канцеларка „сакаше да се ослободи“.

„Дали некој смее да го каже тоа? Никогаш не сте го слушнале тоа од устата на хрватска политичка партиократија која владееше. Дали сме во комунизам? Дали е забрането да се каже тоа“, праша Милановиќ.

На новинарско прашање, тој коментираше дали истрагата на Европското јавно обвинителство за преписката на претседателката на ЕК и директорот на американската фармацевстка компанија „Pfizer“ за набавките во ЕУ на вакцините за ковид-19 ќе ѝ наштети на хрватската владаејачка партија HDZ на парламентарните избори, а на EPP на европските избори.

„Што значи Европската народна партија (EPP)? Што се тие? Тие се за народот, а кои се другите за истребување на народот? Сите се за народот. Тоа е кога немате никаков концепт, се нарекувате партијата на убавото време, партијата за да биде добро, народната партија – тоа не значи ништо“, рече Милановиќ.

„Тоа е европска бирократска партија, партија која собира еврократи на кои едноставно им одговара овој модел на функционирање, бидејќи не е дизајниран во Хрватска, не во Варшава или Будимпешта, туку во некои други центри на моќ“, додаде тој.

Говорејќи по повод 15-годишнината од влезот на Хрватска во НАТО, претседателот и врховен командант на армијата вели дека Хрватска треба да биде лојален партнер, но дека нема влијание врз најважните одлуки во таа организација.

„Клучните одлуки се носат исклучиво во Вашингтон, дури ниту во Париз. Имам проблем со одлуките кои почнуваат од премисата дека ви стоиме на располагање 24 часа. Овие одлуки не ме обврзуваат ниту мене како врховен командант, ниту утре како претседател на хрватската влада“, рече Милановиќ.

„Одлуките кои се прашање на живот и смрт, кои се далекусежни во однос на нивната тежина и значење на опасност, се носат без никакво учество не само од Хрватска, туку и од Словенија, Унгарија, па дури и Полска. За тоа треба да бидеме свесни. Затоа, кога велам дека сме лојални, тоа е како кога ти го давам срцето и за тоа треба да размисли“, истакна Милановиќ.

Смета дека „многу глупави и луди одлуки претходеле на ова што се случува во Украина“, како и дека НАТО „во еден момент воопшто престана да разбира за што служи“.

„Тоа предизвикува судири и треба да бидеме многу внимателни. Хрватска е лојална членка на НАТО, нема да измамиме никого или, како што велат, да седиме со скрстени раце, туку првенствено треба да се фокусираме на себеси, на своите проблеми, на своето оружје“, рече Милановиќ.