Со растот на цените на енергенсите секоја држава ќе се спасува себеси, изјави во четвртокот хрватскиот претседател Зоран Милановиќ оценувајќи дека „глупавата политика“ на Европската унија кон војната во Украина не е во интересот на Хрватска.
„Оваа глупава политика на Европската унија не е во интересот на Хрватска од првиот ден. Не е ниту во интересот на Германија, но тие не се осмелуваат тоа да го кажат“, рече во изјавата за новинарите Милановиќ.
Европската унија не може заеднички да помогне во енергетската криза предизвикана со војната во Украина, прогнозира хрватскиот претседател.
„Ние дозволуваме да се навлечеме на погласните од нас, да одиме со гради, во небрано, во нешто што не можеме да го контролираме. На крајот секоја држава ќе се грижи за себеси. Гарантира“, рече Милановиќ кој присуствуваше на отворање училиште во Копривница.
„Сѐ е во парите. Ќе мора од некаде да се земат за да се дадат на друго место“, додаде Милановиќ зборувајќи за очекуваниот раст на цените на енергенсите поради војната во Украина и санкциите на ЕУ против Русија, којашто досега а и сѐ уште е најголемиот добавувач на гас во Европа иако земјите од блокот бараат нови правци на снабдување а руски „Газпром“ ги намали на 20 отсто испораките од вкупниот капацитет преку единствениот активен во моментов гасовод Северен тек 1.
Од една страна Европа е зависна од гасот а од друга страна царството нема да пропадне, додаде Милановиќ мислејќи на Русија.
„Во моментов гледаме како Русија ја тормози Украина со многу мал број војници. Тоа е неморално, а дел од одговорноста за тоа … ја понесуваме сите ние“, додаде претседателот на Хрватска мислејќи на западните земји.
Појаснувајќи го својот став, Милановиќ направи паралела меѓу Украина и Хрватска којашто била според него подготвена да го потпише „многу неповолниот“ план Зет4 за реинтегрирање на окупираните области во составот на Хрватска со коишто би добиле висока автономија, освен Славонија, Барања и западен Срем.
Првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман бил подготвен да гои потпише Зет4 само за да ја избегна војната „но постоеја уште лоши луѓе кои се погрижија тоа да не се случи“, а тоа се сегашниот српски претседател Александар Вучиќ и Воислав Шешељ, рече Милановиќ.
„Од друга страна, пак, Украина не беше подготвена да потпише многу помалку неповолен аранжман“, изјави Милановиќ.
Хрватскиот претседател алудираше всушност на мировните договори од Минск од 2014-та и 2015-та меѓу Киев и проруските сепаратисти од Донбас, кои Украина ги потпиша но не сакаше да ги спроведе а чии гаранти покрај украинската страна беа уште и Русија , Германија и Франција. Со овие договори, двете самопрогласени „народни републики“ во доминантните руски и рускојазични региони Доњецк и Луганск требаше да добијат широка автономија во поглед на внатрешната безбедност, самите да ги избираат локалните власти а рускиот јазик да го вратат како втор официјален јазик, додека украинската војска требаше да биде распоредена на границата со Русија.
„Украинскиот ментор, државите кои ја поттикнаа на тоа, го наговараа Киев ништо да не потпишува и не ми кажаа јасно во изминатите осум години дека мора да го испочитува мировниот договор“ си Русија, рече Милановиќ.
А Србија и Русија не се споредливи, рече Милановиќ, појаснувајќи дека „мораш да знаеш со кого имаше работа“, бидејќи Русија „и да ја оградиш со ѕид од десет метри, таа би имала што да јаде“.
Притоа, додаде дека токму тој му дал хрватски државјанство на поранешниот шаховски светски првак сегашен руски опозиционер Гари Каспарот и дека имал подготвено одликување за сега веќе покојниот последен претседател на некогашниот Советски сојуз, Михаел Горбачев, кој „многу стори за Хрватска“, а што не му се допаднало на Кремљ.