Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во обраќањето до јавноста рече дека хрватскиот интерес во БиХ е рамноправноста на трите народи, што, како што наведе, е многу важно за мирот.
„Ако Украина добие статус кандидат за ЕУ, Босна одамна го заслужи тоа. Доколку Брисел не ја разбира доволно ситуацијата, тогаш дипломатијата треба да го објасни тоа“, рече Милановиќ коментирајќи ја ситуацијата во однос на изборните реформи во БиХ.
„Хрватска не ја распарчува БиХ, ниту планира некаква агресија, а богами ниту Србија, ниту Русија, затоа што не можат. Ова е првпат со месеци што трпиме свињарии од Брисел…Интересот на Хрватска е еднаквост на сите три народи во БиХ. Тоа е многу важно за стабилноста на таа држава, рече тој.
Милановиќ рече дека НАТО никогаш не доживел траума за да се зборува за смрт.
„Но, има проблеми. НАТО никогаш немал мозочна смрт. Вие го спомнавте дронот, ниту Унгарците не успеаја да го идентификуваат. НАТО не може да го направи тоа, тоа не е работа на НАТО, освен ако не влеземе во светскиот конфликт и тогаш ќе се активира член 5. Тогаш НАТО ќе ви го завладее небото, а тоа го можат само САД, дури ни Британците“, порача хрватскиот претседател.
Тој рече дека САД ја гарантираат безбедноста во НАТО, а Хрватска влезе во Алијансата само поради Американците.
„Овие возила, хеликоптери се американски подарок. Сè е рационално во НАТО. Има способности што ги имаат само Американците. Кога гледам како Русија експериментира со ново хиперсонично оружје, не се чувствувам добро…“, изјави Милановиќ за Русија. велејќи дека тоа е „ладна“ и темна состојба“.
Тој додаде дека Хрватска не може да ја мери Русија според нејзините мерила, бидејќи таа е поинаква.