Претседателите Зоран Милановиќ и Борут Пахор, копретседавачи на Процесот Брдо-Бриони, иницијатива покрената од Словенија и Хрватска, денеска во Брдо кај Крањ, се домаќини на претседателите на земјите од Западен Балкан. Целта на средбата, е, да се разгледаат можностите, како да се забрза патот на овие држави, кон членство во Европската Унија.
На собирот се најавени албанскиот претседател Бајрам Бегај, членовите на претседателството на БИХ, Жељко Комшиќ, Милорад Додиќ и Шефик Џаферовиќ, претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, претседателката на Косово Вјоса Османи, претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски и претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Средбата оваа година, ќе биде прилика за разговор околу моменталната состојба во регионот, но и повторно да се испрати нов повик до членките и институциите на Европската Унија, да го забрзаат процесот на проширување на Европската Унија, стои во најавата за овој настан.
Србија и Црна Гора веќе преговараат со ЕУ, Албанија и Северна Македонија ги отворија преговорите во месец јули, после застој од една година, а косово и БИХ се уште чекаат статус на земји кандидатки.
Ваквите средби се одржуваат од 2013 година, на иницијатива на Хрватска и Словенија. Вообичаено е присуството на претставници и на држави надвор од подрачјето на Југоисточна Европа, но оваа година нема таква најава.
Германската канцеларка Ангела Маркел беше присутна во Дубровник 2014 година, францускиот претседател Франсоа Оланд, на првата средба во Брдо 2013 година, а таму минатата година, присуствуваше францускиот претседател Емануел Макрон. Во 2015 година, на средбата во Загреб, беше тогашниот американски претседател, сега претседател, Џо Бајден.
Милановиќ стигна во Словенија, уште вчера. Во Љубљана одржа работен состанок со Пахор, на кој се разговарало за темите на средбата, информираа од канцеларијата на хрватскиот претседател.