Милановиќ: „Слава на Украина“ е поздрав на најголемите убијци

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ повторно ја бранува хрватската политичка сцена, откако во саботата изјави дека воениот поздрав „Слава на Украина“ е повика под кој се бореле најголемите убијци во Втората светска војна.

Како шеф на државата и врховен командант на хрватските вооружени сили, Милановиќ во саботата учествувал во одбележување на 30-годишнината од борбите во Цетинска краина во текот на хрватската Татковинска војна во 1990те години, положувајќи венец на споменикот во чест на хрватските бранители на една од најголемите пешадиски битки во таа војна.

По ценемонијата Милановиќ даа изјави за медиумите, коментирајќи ги актуелните полтиички случувања во земјата. Притоа му било поставено прашањето за повикот „Слава на Украина“ за кој рекол дека под него „се организирале и бореле луѓе, односно нелуѓе, во споредба со кои усташите биле кавалери“.

„Тоа биле бесчувствителни убијци и тоа многу поефикасни од усташите. (Степона) Бандера, (Роман) Шухевич, тоа се налошите злосторници во Втората светска војна. Масовни убијци. Зошто го избрале тој поздрав, зошто не може некако поинаку“, рекол Милановиќ кого го цитира агенцијата Hina и истакнал дека во „својата татковина“ нема да го трпи поздравто „За дом спремни“ бидејчо тој е „длабоко контаминиран“ и ѝ нанесува голема штта на Украина.

За поздравот „За дом….“ потсетил дека станува збор за арија од опера на Зајц и дека тоа е „еден контекст кој подоцна длобоко е контаминиран“.

„Сега сум хрвватски претседател и знам колку нѐ дизциплинираа, малтретираа и колку ни се приговараше и нѐ предупредуваа, претседателот (покојниот прв хрватски претседател Фрањо) Туѓман прв, да не се употребува поздравот кој е контаминиран поради соработката со нацистите“, рекол Милановиќ.

„Истата работа е и со ‘Славва на Украина’. Што, на пример, му недостига на хрватскиот поздрав ‘На татковината верни’? Мене тоа ми е најубавиот поздрав. Има десет варијации кои можат да бидат јасни и да не ѝ штетат на Хрватска“, рекол Милановиќ.

Смета дека и оните кои не го споделуваат неговото размислвуање за тој поздрав би требало првенствено да го гледаат интересот на земјата.

„Можеби некој не се согласува со мене, но да го гледаме интересот на земјата, не да се бламираме. Кога некој ќе ми дојде во советот на градот, на доделувањето на годишните награди на Загреб и без никаква потребна ќе го злоупотреби домаќинството и моето присоство и се дере ‘Зиг Хајл’, ‘За дом спремни’ и ‘Слава на Украина’, тогап морам да го осудам на најпристоен можен начин“, рекол Миланови.

„Не го правете тоа и ги повикувам и хрватските политичари тоа да не го изговоруваат“, додал хрватскиот претседател и порачал дека таквите нешта во својата татковина нема да трпи.

Потсетил дека тоа е повик под кој подоцна илјацнии доброволно се регрутирани во германската СС дивизија во Украина.

„Хрватите, дури, никогаш не оделе во СС дивизиите, имале свои легионерски, но не СС формации под германска команда, за да не би морале да одат во усташите“, додал Милановиќ.

„Знам дека постојат луѓе кои се бореле под тој повика ‘За дом спремни’ со најдобра намера, но каде да се договориме дека тоа е штетно за нас, едноставно тоа да го турнеме настрана“, порачал Милановиќ.

Истакнал дека Хрватска самата се изборила за сѐ, дека никој не ѝ помагал, туку дека сите „постојано имаа паметни совети“, дека никој не ја вооружувал и дека воопшто не знаеле да ли смее да трген во ослободителната операција во 1995 година.

„Се одеше по чувството (…) Можеби ќе нѐ дисциплинираа и прекорат, можеби нема. А тогаш да се слушаат такви работи без критериуми кои го релативизираат она што се случувало во Втората светска војна, во која се убиени милион луѓе, бидејќи се поинакви: Евреи, Полјаци, Хрвати, Срби…, тогаш мора да бидеш политички идиот. Јас такви работи во својата татковина не трпам“, рекол Милановиќ.

На прашањето за графитите кои го споредуваат со рускиот претседател Владимир Путин, одговорил дека зад тоа стојат вандали кои унишуваат приватна и јавна сопственост, но и дека него не го интересира толку кој стои зад нив.

Молановиќ, исто така, рекол дека тој не го поканил Путин во Загреб кон крајот на јануари 2022-ра, неполн месец пред почетокот на руската инвазија во Украина, туку министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман и тоа во свое има преку шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

„Човекот погрешно се качил во трамвај и место да се симне во Чрномерец (населба) се возел сѐ до Москва и таму го поканил Путин преку Лавров да ја посети Хрватска“, рекол Милановиќ и додал дека тогаш „руските тенкови вече беа загреани на 70 степени“.

„Украина се бореше за своето место и репутацијата иу позицијата во светот и пред руската аресија. Првата дама на Украина организираше неколку перформанси. Тоа беше во 2021-та. Единствено мојата сопруга секогаш, преку камерите или медиумите, беше присутна, не беше (сопругата) на (хрватскиот премер Андреј) Пленковиќ. Не беше ниту германската канцеларка, туку мојата сопруга. Се одзваа само 10 до 12 лица. Кога видов дека ‘ѓаволот ја однесе шегата’, тогаш се повлеков. Тоа во еден момент почна да се претвора во нешто лудо, во тоа не сакам да учествувам“, рекол Милановиќ.

„Сите симпатии за Украина, докажани низ годините, но за ова зборував година ипол и повеќе не сакам. Сите ние имаме доста нивна крв на нашите раце“, истакнал хрватскиот претседател.